УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА stanbenupravitel.com.mk

Генерални одредби

Со овие услови за користење на веб сајтот stanbenupravitel.com.mk  и неговите услуги и функционалности (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот stanbenupravitel.com.mk.

Секое автоматизирано превземање на податоците од веб сајтот stanbenupravitel.com.mk и од неговата датабаза е строго забрането.

Правото на користење на stanbenupravitel.com.mk е лично на корисникот (корисникот може да биде правен субјект или физичко лице) и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот e запознаен и свесен дека иако Интернетот е генерално безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Станбен управител , и Станбен управител  не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информациите преку Интернет. Иако цел на Станбен управител  е stanbenupravitel.com.mk да биде достапен нон-стоп, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Станбен управител , пристапот до stanbenupravitel.com.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на stanbenupravitel.com.mk. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и отстапува право на Станбен управител  да ги објави тие информации на stanbenupravitel.com.mk.

Станбен управител  не е одговарна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени од страна на корисниците, односно објавени на stanbenupravitel.com.mk. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите за производите/услугите и фирмите/професионалците одговара фирмата/професионалецот кој/а ги внел/а истите. 

stanbenupravitel.com.mk и неговите функционалности се достапни за поединци на возраст од 18 години или повеќе. Доколку имате најмалку 13 години, а сеуште не 18 години, можете да го користите stanbenupravitel.com.mk, под надзор на вашиот родител или старател кој се согласува со овие Услови за користење. Никој под 13 години не смее да го користи stanbenupravitel.com.mk. 

Станбен управител може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Станбен управител  ќе ги извести своите корисници на соодветен начин односно преку објава преку stanbenupravitel.com.mk за промената, не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник е согласен со ваквиот начин на известување за промените на Условите на користење.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користење на stanbenupravitel.com.mk. Исто така, секој корисник се согласнува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Станбен управител , нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник, и прекршување на Условите за користење.

Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта на е-меил адресата со која е регистриран на stanbenupravitel.com.mk. 

Корисникот се обврзува во процесот на користење на Услугите што ги обезбедува stanbenupravitel.com.mk, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

1.1. не се во склад со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност; 

1.2. предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;

1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некој надлежно, државно или општинско тело; 

1.4.содржи информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;

1.5. содржат лични податоци во врска за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;

1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;

1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;

1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, верувања, политичка припадност, личен или јавни статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било која други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

1.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети страни;

1.11. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување  злосторство, лични насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;

1.12. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната околина;

1.13. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;

1.14. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на  трети лица;

1.15. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;

1.16. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на веб-страниците на stanbenupravitel.com.mk веб-сајтот;

Доколку такви содржини бидат пронајдени од страна на Станбен управител, истите ќе бидат веднаш избришани. Доколку сметате дека производите и услугите се дозволени за продажба според Законите во Македонија и дека не ги прекршуваат истите, тоа треба да го докажете. Објавените производи и услуги мораат да бидат во согласност со Законите и регулативите во соодветната дејност во Македонија. 

Станбен управител  има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на stanbenupravitel.com.mk со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми, да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на stanbenupravitel.com.mk. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како стриктно доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.

Станбен управител  го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на фирма или професионалец, како и информации за секоја понуда, производ или услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Станбен управител  смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови за користење има право истата да ја избрише.  

Станбен управител  не е одговорна за настанување на било каква штета поради објавените информации за производот, услугата, фирмата или професионалецот.

Станбен управител  го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на stanbenupravitel.com.mk без претходно известување. 

Правила за користење

  • Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да бидат избришани од страна на Станбен управител .
  • Не вклучувајте информации или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права од трето лице без нивно знаење и дозвола.
  • Не вклучувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување.
  • Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте туѓ производ или услуга.
  • Не промовирајте масовна понуда до фирмите членови на stanbenupravitel.com.mk преку опцијата Испрати е-маил.

Основни упатства и инструкции

  • Кога се регистрирате како правен субјект (компанија), професионалец или физичко лице:
  • Внесете важечки податоци за Вас или за Вашата или компанијата во која сте вработени. 
  • Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина.
  • Ве молиме да следите “нетикета” кога внесувате податоци, односно советот е да не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт.

Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на овој веб сајт без изречена писмена дозвола од Станбен управител  е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и / или кривични казни.

Станбен управител  не сноси одговорност, за да му даде на корисникот индикации за да тој/таа сфати дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Корисникот е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок.