Што вклучува оддржувањето на Станбен управител ?

Управување и оддржување на објектот опфаќа:

– Администрација,сметководствена евиденција по станбена единица и изготвување и достава на книговодствени месечни пресметки(фактури,готови уплатници);плаќање на заеднички трошоци(ел.енергија,паушал за лифт,хигиена и сл); изготвување годишен план и извештај за одржување.

– Изработка на месечен финансов извештај (приходи/расходи) ,како и список на сопственици со евидентирани уплати за секој претходен месец – се истакнуваат јавно на огласна табла.

– Правна помош,редовно праќање на опомени пред тужба;отужување на нередовните уплатувачи;застапување на станарите пред управни органи за издавање на дозволи и согласности;правни совети;

– Тековно одржување на заедничките простории (ангажирање на хигиеничарски работници два пати неделно);

– Тековно одржување на заеднички простории – куќен мајстор кој се грижи за поправки од помал обем (промена на сијалици,приклучоци,мали молерски работи и сл.) и истиот е должен да изврши проверка на објектот три пати месечно – редовна контрола на заедничките простории.Доаѓањето на мајсторот е вклучено во редовното техничко одржување и не се наплаќа дополнително.

– Секој станар доколку забележи било каков проблем во заедничките простории (прегорена сијалица,застанат лифт и сл.) е должен да пријави кај Станбен Управител ДООЕЛ на 02/6147-900.

Редовен и резервен фонд на објектот опфаќа:

– За редовно одржување на заедничките простории во зградата (лифтови,парно греење, водовод,електрични инсталации) Управителот склучува договор со трето лице кое е лиценцирано за вршење на одредена дејност.Договорот со трето лице се склучува со прибирање на понуди од определен број понудувачи.Изборот на најповолна понуда го вршат Управителот заедно со членовите на надзорниот одбор именувани од собирот на сопственици.

– Станарите задолжително формираат резервен фонд во согласност со Правилникот издаден од страна на Регулаторна комисија за домување.Средствата од резервниот фонд можат да се користат само за трошоците за одржување и подобрувањето предвидено со планот за инвестиционо одржување на станбената заедница,кој го прави Управителот во соработка со станарите,а се однесува на зголемување на вредноста на објектот (промена на фасада,промена на ел.инсталација и сл).

ПРЕСМЕТКА (врз основа на пополнет калкулатор):

– Управување и техничко одржување

– Хигиена на заед.простории во зграда

– Месечен сервис на лифт

– Ел.енергија за заеднички простории

– резервен фонд по m2