Работењето на фирмата се заснова на максимална соработка и транспарентност за што
СТАНБЕН УПРАВИТЕЛ ДООЕЛ
изготвува Договор за заемни односи меѓу сопствениците и Договор за вршење на управувачки работи.За потпишување на Договорот за управувачки услуги потребно е да се согласат 50% плус еден од сопствениците на становите.
Односите меѓу сопствениците на посебните делови и Управителот се уредуваат со Договорот за вршење на управувачки услуги. Овој Договор го потпишуваат Управителот и овластени претставници избрани од мнозинството на сопствениците на посебните делови.Работата на Управителот ја контролира Надзорен Одбор избран и именуван од Собирот на сопственици.